(Видео) Силно невреме го погоди Балканот: Летаат контејнери, се превртуваат камиони, паѓаат дрва, хаос во сообраќајот
Хрватска, Босна и Херцеговина и Црна Гора беа погодени од силна бура која предизвика проблеми. Во делови на Далмација дува силен ветер, а утрово во Сплит ветрот дувал со речиси 176 километри на час.
Бурата во Далмација е најголемата што досега е измерена во овој град, пишуваат хрватските медиуми. Во Сплит паѓаа гранки, контејнери и дрва на партиштата, а ветрот собори и сообраќајни знаци, пишува „Далмација данас“. Поради силната бура, во прекин се траектите кон островите, а забележани се и неколку потонати јахти.
Во Хрватска бројни патишта се затворени за сообраќај.
Во текот на ноќта, силен ветер дуваше и во Херцегнови кој направи големи проблеми во сообраќајот, а едно лице е повредено.
Сараевските медиуми пренесоа дека ветер со удари до 100 километри на час крши стебла, а едно лице од Мостар се здобило со полесни повреди кога стебло паднало врз неговото возило.
Во Црна Гора силниот ветер направил голема штета откако откорнал цели дрва и се урнале покриви на објекти, како и градежни скелиња.