Трамп не исклучува воена интервенција во Венецуела

По една недела остра реторика со Северна Кореја, американскиот претседател Доналд Трамп денеска започна „војна на зборови“ со Венецуела, истакнувајќи дека не исклучува и воената интервенција таму.

Трамп изјави дека можна опција е “воена опција” во соочувањето со се поавторитарната влада на Венецуела.

По ова министерот за одбрана на латиноамериканската нација Владимир Падрино го обвини Трамп за “лудост”.

Ескалацијата на размена на обвиненијата преку медиумите започна кога новинарите го прашаа Трамп, кој е на одмор во неговиот голф-центар во Њу Џерси за политиката кон Венецуела.

Венецуела со месеци се соочува со немири, додека претседателот Николас Мадуро се обидува да ја консолидира својата моќ по неколкумесечните улични протести против неговото владеење, во кои повеќе од 120 луѓе се убиени, а илјадници се уапсени.

На 4 август беше инаугуриран новиот Парламент кој треба да донесе нов устав со кој ќе и се дадат огромни овластувања на Социјалистичката партија на Мадуро.

-Имаме многу опции за Венецуела, вклучувајќи можна воена опција доколку е потребно, рече Трамп по состанокот со својот тим за надворешна политика.

-Ние не зборуваме за тоа, но воената операција – воена опција – секако е нешто што би можело да следи, рече тој.

Ваквата изјава на Трамп веднаш предизвикаа изненадување во Венецуела.

Translate »