Агенцијата за храна повлече млеко за доенчиња
Агенцијата за храна и ветеринарство повлече дополнителни количини од млекото за доенчиња „Селија“ увезена од Франција од македонскиот пазар.
„Преку системот на ЕУ во неколку наврати добиена е информација за небезбедна храна, како надополнувања на нотификацијата за небезбедна инфант-формула, млечна храна за доенчиња, увезена од Франција“, соопшти АХВ.
Од таму дополнуваат дека се повлечени пакувањата од 1.400 грама за доенчиња од 0 до 6 месеци, како и пакувањата од 2.400 грама за доенчиња од 6 до 12 месеца. Исто така, повлечени се и производите „Селија према“ од 400 грама и „Селиа дигекс“ од 400 грама.
Потрошувачите кои веќе ги купиле овие производи не треба да ги консумираат и истите можат да ги вратат на местото каде што ги купиле.