ПАЦИЕНТИТЕ ВООДУШЕВЕНИ: РУСКА МЕДИЦИНСКА СЕСТРА ВНИМАВА НА ПАЦИЕНТИТЕ ВО БИКИНИ, МНОГУ И Е ТОПЛО (ФОТО)
Медицинска сестра во болницата сместена во рускиот град Тула стана хит на социјалните мрежи, откако дошла на работа носејќи само бикини, а преку него провидно заштитно одело, ракавици и наочари за да се заштити од коронавирус.
Според пишувањето на порталот Tulskie Novosti, фотографијата е направена во регионалната болница за инфективни болести на која се гледа сестра како носи лекови за пациентите.
На пациентите не им пречело што медицинската сестра била оскудно облечена, но не се срамеа да фрлат по некој поглед на сестрата во бикинито, изјави извор за Tulskie Novosti кој ја сподели сликата.
како што се наведува таа не забележала дека заштитната облека толку е провидна. Истиот извор наведува дека младата жена решила да се облече „полагодно“ од причина што и било жешко од заштитната опрема која ја носела цел ден.
Приказната набрзо станала хит во Русија. Регионалното министерство за здравство официјално ја критикувало медицинската сестра истакнувајќи дека ги прекршила правилата, јавува Раша тудеј.
Иако официјалните лица и некои корисници на социјалните мрежи не ја одобрија оваа постапка на медицинската сестра, повеќето ја пофалија, но и ја поддржаа.
– Браво за неа! Таа го ризикува сопствениот живот и никој да и каже „ благодарам“ . А кога некој треба да биде критикуван, вие сте веднаш таму – се вели во еден од коментарите.
Некои коментатори истакнаа дека со тоа што не го облекла останатиот дел од опремата, таа сакала да и биде удобно за да може да се грижи за пациентите, а не да се покаже.
– Никој не зел предвид дека таа го сторила тоа затоа што е топло. Девојчето добро постапила покажувајќи дека е невозможно да се работи во вакви услови – се наведува во коментарот.
Според последните податоци, 308.705 лица биле заразени со вирусот корона во Русија, додека 2.972 лица починале.