Авион со 104 патници се урна во Куба

Боинг 737 се урна по полетувањето од меѓународниот аеродром Хозе Марти во Хавана.

Над 100 лица загинаа при уривањето на патничкиот авион Боинг 737 во близина на интернационалниот аердодром, соопштија кубанските власти.

Авионот сообраќал на домашна релација кон Холгин.

Весникот на Комунистичката партија „Гранма“ објави дека три лица го преживеале падот и се превезени во болница во критична состојба.

Медиумите објави дека авионот, кој бил изнајмен од државната авиокомпанија „Кубана де авијасион“, се урнал на автопатот во близина на аеродромот.

Translate »