Претседателот на Србија навести признавање на Косово како независна држава
Претседателот на Србија навести дека земјата може да го признае Косово како независна држава, објави АФП.
“Прво мораме да постигнеме компромис: не можеме да го признаеме Косово без да добиеме ништо за возврат”, изјави Вучиќ за италијанската агенција АНСА.
“Сигурен сум дека со помош на нашите европски пријатели, Русија, САД, Кина и други земји може да се најде решение”, рече Вучиќ.
Косово прогласи независност од Србија во 2008 година, една деценија по крвавата војна во областа, во која загинаа 13.000 луѓе.
Белград силно одбива да ја признае независноста на Косово и ги смета овие територии за традиционал но српски и за своја јужна провинција.
Белград и Приштина се под значен притисок од меѓународната заедница да најдат компромис доколку сакаат да го продолжат патот кон европската интеграција.
Но, преговорите во кои Европската унија е посредник замреа, особено откако Приштина во ноември објави 100-процентна царина за сите српски стоки врз основа на тоа што Белград се обидува да ги поткопа своите позиции на меѓународната сцена.
Белград / Србија