Форбс ја објави новата листа на најбогатите луѓе на светот
Американскиот претседател Доналд Трамп остварил скок од 51 место на листата на најбогатите на светот.

Според Форбс , кој денеска ја објави новата листа на најбогатите , рангот на Трамп му се подобрил само зашто другите изгубиле дел од богатствата.Богатството на Трамп се проценува на 3,1 милијарда долари и останало исто од лани. Трамп се наоѓа на 715 место на најбогати луѓе на светот за 2019.
Магазинот пишува дека годинава рекордни 993 милијардери го изгубиле своето богатство. Моментално на светот има 2153 милијардери , за 55 помалку од 2018.
На врвот се задржаа сопственикот на Амазон , Џеф Безос со 131 милијада долари, втор е осниовачот на Мајкрософт , Бил Гејтс со 96 , а инвеститорот Ворен Бафет е на третото место со 82 милијарди долари . Основачот на Фејсбук , Марк Зукерберг е на осмото место.
Целокупното богатство на милијардерите изнесува 8,7 билиони долари , помалку во однос на лани кога имаа 9,1 билиони. Ова е прв пат да се забележи пад на богатството на милијардерите од 2016 година , односно втор пат за оваа декада.
Најмногу милијардери има во САД , 607 , потоа во Кина 324 , па во Германија 114 , во Индија има 106 милијардери и во Русија 98.

