Драматично пресретнување: Погледнете го судирот на “Sukhoi” И американскиот шпионски авион во близина на границата

Руското министерство за одбрана објавило кратко видео од тоа како борбениот авион “Su-27” го пресретнува американскиот шпионски RC-135 над неутралните води на Балтичкото море во близина на руската граница.

Снимката, која била направена од кок-питот на Su-27, покажува дека рускиот воен авион, му пришол од позади на американскиот извиднички авион и го испратил. Точното време на пресретнувањето не е откриено. 

“Авионот Su-27 безбедно се врати во својата база откако странските авиони одлетаа од руската граница”, се наведува во соопштението.

Embedded video

Минобороны России@mod_russia

#Video A Russian #Su27 fighter of the air defence on-duty forces made a sortie for interception of a #US Air Force’s #RC135 reconnaissance aircraft over the neutral waters of the #BalticSea http://bit.ly/2TEcuS0  @RusEmbUSA @mfa_russia #Interception1194:01 AM – Mar 7, 201982 people are talking about thisTwitter Ads info and privacy

Во минатите неколку години забележани се повеќе странски шпионски летала кои “душкаат” во близина на руските граници.

Најновиот инцидент пред средбата со RC-135 бил пријавен кон крајот на јануари, кога руската војска соопштила дека борбениот авион Su-27 идентификувал и пресретнал шведски извиднички авион.

Translate »