Во Истанбул со солзавец беше запрен маршот на жените

Полицијата во Истанбул со употреба на солзавец стопираше собир по повод Меѓународниот ден на жената. Безбедносните сили со заштитни елеци им се заканувале на демонстрантите на улицата Истиклал и со кучиња. Многу од жените побегнале во околните улици. Според дел од видео снимките објавени на социјалните медиуми, полицајци пукаат со гумени куршуми пред или на стапалата на демонстрантите.

Ваквата полициска интервенција дојде неочекувано, и покрај тоа што учесниците немале дозвола за одржување на собирот. Во текот на изминатите години властите дозволуваа одржување на маршеви за права на жените и против насилство од страна на мажите, дури и за време на вонредната состојба по обидот за пуч во 2016 година.

Translate »