SAMSUNG ПАТЕНТИРАА ТЕЛЕВИЗОР, КОЈ НЕ КОРИСТИ КАБЛИ
Samsung продолжува да води жестока конкуренција за глобалната доминација на пазарот на
телевизори со LG. Компанијата веќе експериментирала со неколку иновативни идеи со дизајни, со
кои сака да ги изненади корисниците. Можеби најинтересниот проект е поврзан со создавањето на
уред кој може да работи без кабли. Овој концепт е веќе патентиран од Samsung, а документите за
регистрација откриваат малку повеќе детали за овој модел.
Дизајнерите на компанијата планираат да користат безжичен предавател на енергија, кој ќе му
овозможи на телевизорот да работи без кабли. Вградувањето на оваа компонента ќе овозможи
самите сигнали да се пренесуваат преку цела просторија и да стигнат и до самиот телевизор,
пријави „TechRadar“. Уредот буквално ќе се вклопи во внатрешноста на интелигентните домови.
Првичните скици покажуваат дека безжичниот предaвател изгледа како магнетна лента, која се
прикачува кон задниот дел на куќиштето.
Позиционирањето на ресиверот од задната страна му овозможува на уредот да има ултра тенки
димензии и овозможува дисплејот да го пополни целиот простор во предниот дел. Samsung дури
размислува за употреба на втора таква компонента која е вклучена во мрежата и од растојание да
помага во работата на другиот приемник. Во секој случај, нивниот концепт е доста интересен и има
потенцијал да им се допадне на многу луѓе