Поранешна „факултетска љубов“ на Илон Маск продава роденденски подарок и досега невидени фотографии од милијардерот
Џенифер Гвин, која студираше на Универзитетот во Пенсилванија со Илон Маск и се забавуваше со него во средината на 90-тите, стави на аукција некои од спомените на милијардерот, вклучувајќи и некои негови досега невидени фотографии.
Колекцијата на Гвин се појави на сајтот RR Auction и вклучува 18 фотографии со момчешки изглед на Маск како студент, долго пред да стане еден од најбогатите луѓе на светот. На некои од нив поранешната двојка позирале заедно.
Исто така, има и златен ѓердан со зелен самарканд кој Маск и го подарил на Џенифер за нејзиниот роденден, а кој досега на аукција достигна цена од 7.259 долари. Заедно со ланчето има и две фотографии, од кои на едната се гледа како парот позира со мајката на Маск, Маја.
„Ѓерданот го носам неколку години, но во последните десет години најмногу ми седи во кутијата за накит (секако секогаш ме потсетува на Илон)“, изјавила Џенифер.
Заедно со ланчето добила и роденденска честитка која може да се најде и меѓу сувенирите на аукцијата.
Фотографијата која очигледно е најинтересна за обожавателите на Маск е онаа на која 23-годишниот Маск седи на компјутер во студентската соба на својата девојка. За неа досега се понудени 2.646 долари.
„Илон на моето биро во мојата студентска соба – овој пат нема смешни работи, време е за сериозни училишни задачи“, се вели во описот.
Џенифер додаде дека уште во 1994 година, Илон зборувал за „електричните автомобили да бидат патот на иднината“.
„Тој рече дека ќе биде во првите редови на движењето и никогаш не се сомневав дека ќе биде таму. Беше толку самоуверен и сигурен дека доаѓаат електрични автомобили. Така, искрено, во последните 25 години, јас знаев дека Тесла ќе успее. Има нешто многу заразно во самодовербата и упорноста на Илон“, напиша таа.
Според неа, колекцијата на нејзините фотографии покажува „многу посветла страна на милијардерот“.
„Мислам дека овие предмети се слика за тоа кој бил Илон пред да почне да го освојува светот. Фотографиите ја покажуваат неговата помалку сериозна страна – неговиот став „дојди играј со мене“ кој би бил присутен овде и таму…“, таа рече, додавајќи дека Маск тогаш бил фокусиран на учење, што било привлечно.
Џенифер и Илон се запознаа во 1994 година и беа во врска околу една година. Тие раскинаа кога Маск, кој сега има 51 година, дипломираше.