Сексуални работнички ги откриле најсмешните работи кои клиентите ги барале од нив
Еден корисник на Редит упатил прашање до сексуалните работнички кои се најсмешните работи кои клиентите некогаш ги побарале од нив, а расправата привлекла илјада корисници на оваа социјална мрежа.
Одговорите се секакви…
1. “Мојата цимерка е ескорт девојка на која еден тип еднаш ѝ плати за да се преправа како трие од себе розова пена за изолација и да му кажува колку тоа ја чеша – додека типот мастурбирал”.
2. “Не сум сексуална работничка, но една моја пријателка беше… Имаше веб шоу и еден тип само сакаше таа да ренда кашкавал пред камерата. Рендаше околу 45 минути, кашкавалот потоа го зазема целото место во нашиот фрижидер”.
3. “Бев професионална домина и имам многу приказни, но една од најчудните е за екстремно напорен клиент кој го возбудуваа гасови. Сакаше да користам пумпа за велосипед за да се наполнам со воздух за да можам да испуштам гасови во неговото лице. Го одбив. Подоцна ме покани да излеземе и беше збунет зошто го одбив”.
4. “Имав клиент кој обожуваше да фрлам пити во него додека мастурбираше”.
5. “Еден клиент ми плаќаше да гледа како добивам професионална масажа. Тоа е тоа. Ништо сексуално. Масерката доаѓаше во домот, а тој седеше во аголот и гледаше. Не се ни допираше. Беше неверојатно. Најдобрата работа некогаш, понекогаш ми недостига”.
6. “Мојата пријателка е професионален “гушкач” (160 долари на час) која има клиент кој ѝ плаќа секој понеделник да доаѓа во неговата канцеларија додека тој обавува повици кои не ги сака. Седи зад него и го прегрнува цел час. Доаѓа секоја недела, а неговата продажба “експлодирала”. Ѝ кажал дека го мразел тој дел од работата и дека секогаш бил под стрес пред таа да почне да доаѓа”.