Ја чуваме дома: Еден залак го парализира гласот, два ве парализира вас, но три се веќе фатални
Ова се 5- те најотровни и најсмртоносни билки, една ја чуваме дома…
Лутица
Градинар од Велика Британија почина во 2014 година под мистериозни околности, откако му откажаа скоро сите органи. Иако причината за смртта не е откриена, се сомневаа дека несреќниот градинар најверојатно починал по контакт со растение наречено лутица (лат. Aconitum napellus), кое припаѓа на родот на скриени семиња од семејството на лепеди. Најотровниот дел од растението е коренот, но лисјата се исто така доста отровни. Невротоксините од растението може да се апсорбираат преку кожата, а некои од симптомите на труење се пецкање, повраќање, вкочанетост и дијареја.
Лахвир Синг е осудена во 2010 година за убиство на својот љубовник откако му ставила лутица во кари. Но, и покрај гастроинтестиналните проблеми, нејзиниот поранешен љубовник успеа да го преживее труењето. Освен овие симптоми. ова смртоносно растение го забавува срцето, што секако може да доведе до смрт, пишува Би-Би-Си.
Според некои теории, растенијата развиле одредени токсини за самоодбрана. Одредени видови на растенија содржат комбинација на хемиски соединенија кои се ефикасни во борбата против инсектите, штетниците и другите микроорганизми, но исто така им штетат и на луѓето.
Дрвото Манчинел
Друго озлогласено растение е дрвото Манчинел (лат. Hippomane mancinella), кое уште се нарекува и „дрво на смртта“, а чиј плод неверојатно потсетува на јаболко, поради што е наречено и „јаболко на смртта“. Дрвото расте во јужните делови на Северна Америка и северните делови на Јужна Америка и е толку отровно што дури и за време на дождот не се препорачува да стоите под него. Имено, органското соединение форбол измешано со дождовна вода може да предизвика сериозни изгореници. Согорувањето дрва исто така не се препорачува, бидејќи чадот е токсичен и може привремено да заслепи лице кое е во негова близина. Иако дури и стоењето покрај ова растение е опасно, само консумирањето овошје може навистина да убие.
Рицинус
И покрај своите бујни црвени плодови кои можат да разубават многу градини, рицинусот е многу отровно растение. Кај нашиот народ се нарекува скакулец и црвено грозје (лат. Ricinus communis). Сите делови на растението се отровни, но концентрацијата на отровот е најголема во семето. Симптоми на труење се повраќање и дијареја, кои можат да траат до една недела пред смртта, поради откажување на органите.
Окото на ракот
Растение наречено окото на ракот (лат. Abrus precatorius) е исто така опасно растение. Имено, отровната супстанција абрин се наоѓа во светло црвени семиња кои исто така се користат во производството на накит. Само едно зрно семе од растението кое расте во Индонезија може да биде фатално за човечкото тело, но само ако го џвакате.
Дифенбахија
Дифенбахијата е една од најпопуларните билки за домот и канцелариите кај нас бидејќи не бара многу. Билката е особено отровна за луѓе и домашни миленици доколку се проголта. Еден залак го парализира гласот, два ве парализираат вас, а три се веќе фатални.
Некои извори дури велат дека внесот може да доведе до сериозно оштетување и смрт за помалку од една минута кај деца и за помалку од 15 минути кај возрасни. Всушност, листовите, стеблото и коренот содржат токсични состојки како оксална киселина и аспарагин. Кај луѓето во контакт со очите може да предизвика болка во окото и оштетување на рожницата на окото.
Голтањето, од друга страна, предизвикува дијареа, горење во устата или грлото, засипнат глас, мачнина, повраќање, оток, пликови на устата и јазикот. Во случај на голтање измијте ја устата со ладна, влажна крпа и дадете му веднаш млеко во поголема количина на лицето кое проголтало дифенбахија.
Добра варијанта е лицето кое проголтало дифенбахија да се напие и поголема количина активен јаглен. Во случај на контакт со очите, измијте ги очите и кожата околу нив и секое место со кое сте ја допреле дифенбахијата.