(Видео) Ова е водена бомба – Поплави во Италија: Најмалку седум загинати, исчезна мало дете кое мајката не успеала да го задржи во раце
Најмалку седум лица загинаа, а има и исчезнати во катастрофалните поплави што ја зафатија Италија, по поројните дождови. Меѓу исчезнатите е и мало дете во градот Барбара.
Како што пренесува „Ла стампа“, детето било со својата мајка во автомобил кој се заглавил во водата. Мајката успеала да излезе од возилото со детето во раце, но во еден момент го изгубила. Спасувачите успеале да стигнат до неа и да ја спасат во текот на ноќта, но од детето немало трага.
На социјалните мрежи се појавија видеа на кои се гледаат луѓе до половината во вода, додека возилата беа поплавени околу нив.
На снимката објавена од пожарникарите се гледа како спасувачите на улиците се обидуваат да спасат луѓе и да ги евакуираат, додека други се обидуваат да го исчистат хаосот предизвикан од поплавите.