Мора да го видите хотелот на Кристијано Роналдо

loading...

Португалската фудбалска ѕвезда Кристијано Роналдо поседува ексклузивен хотел  – „Pestana CR7“.

Ако некогаш случајно се најдете во неговиот роден град Фуншалу на островот Медеира, и располагате со 214 евра на вечер за сместување, ќе имате навистина интересно сместување.

Хотелот посебно е дизајниран за гости кои припаѓаат на таканаречената „миленијалска генерација“, а ако не сте фан на Роналдо, нема да ви се допадне ентериерот во собите во кои се наоѓаат сувенири инспирирани од кариерата на фудбалерот на Реал Мадрид.

Некои соби имаат и теписи кои се уредени како фудбалски терен.

Вкупно на располагање се 48 соби, со бежичен интернет, модерни туш кабини и осветлување со потенциометри.

За изнајмување на најскапиот ЦР7 апартман ви требаат 683 евра, а во него има и Play Station 4 конзола, виртуелни игри и опрема за кардио- тренинг.

Во рамките на хотелот е и спа центарот за тренажната програма,, Get in Shape” која ја користи Роналдо за совршените стомачни мускули, а тука е и ексклузивната теретана на отворено и сауна.

На кровот на хотелот се наоѓа базен, од каде се нуди феноменален поглед на целиот град.

Во непосредна близина е лоциран и добро познатиот музеј на Роналдо.

За изградба португалецот издвоил 70 милиони евра и е прв во ланецот, поради тоа што во наредниот период низ светот ќе никнат уште вакви луксузни хотели.

Translate »