Заборавете на зелениот чај. Хибискусот обезбедува многу повеќе бенефити

loading...

Хибискусот како растение потсетува на тропски вибрации, а чајот направен од него може да направи да се чувствувате како да сте на некоја егзотична дестинација, дури и кога сте дома, под топлото ќебе.

zaboravete-na-zeleniot-chaj-hibiskusot-e-noviot-velnes-pijalak-01.jpg

Исто така, чајот од хибискус во последно време е и хит на Инстаграм, особено поради неговата специфична и впечатлива боја. Сепак, ова не се сите квалитети на овој пијалак.

Всушност, има многу бенефити за вас, без разлика дали го пиете ладен или топол:

Содржи полифеноли

Самата боја ја добива од полифенолот антоцијанин, кој го штити вашиот кардиоваскуларен систем, се бори против слободните радикали и против воспалителните процеси во телото.

Го намалува притисокот

Полифенолите играат важна улога во контролата на крвниот притисок и имаат бројни корисни дејства врз метаболизмот.

zaboravete-na-zeleniot-chaj-hibiskusot-e-noviot-velnes-pijalak-02.jpg

Здраво слабеење

Поради тоа што го забрзува метаболизмот и ги раздвижува цревата, вие на лесен начин ја преработувате храната и не дозволувате мастите да се „лепат“ на стомакот и бутините.

Штити од болести

Секојдневниот внес на чај од хибискус ќе ви помогне подобро да се заштитите од настинки и вирусни заболувања. Дури и кога сте болни, ви помага побрзо да оздравите.

Го контролира холестеролот

Постојат научни докази дека чајот од хибискус ги намалува липидите, односно мастите во телото, а со тоа помага и да се одржува здраво ниво на холестерол во телото.

zaboravete-na-zeleniot-chaj-hibiskusot-e-noviot-velnes-pijalak-03.jpg
Translate »