ВИДЕО: Пандев го сруши Јувентус, ГОЛ и АСИСТЕНЦИЈА во победата на Џенова

loading...


Во првиот денешен натпревар од 28. коло на Серија А, фудбалерите на Јувентус на гостински терен се поразени од Џенова со 2-0 (1-0) и го запишаа својот прв пораз оваа сезона во елитниот италијански фудбал. Нашиот Горан Пандев денешниот натпревар го започна од клупата за резерви, а шанса за настап доби во 60. минута и во продолжение беше најзаслужен за победата на својот тим.

  • Извештај од натпреварот

Масимилијано Алегри за денешниот натпревар се одлучи да патува без Кристијано Роналдо, а тоа предизвика и одреден револт кај домашните фанови. Првиот дел мина во комплетна иницијатива на домаќините, за разлика од „старата дама“, која беше целосно инфериорна и не упати ниту еден удар кон противничкиот голман. Најдобрата прилика за погодок ја имаше Антонио Санабриja, но Перин со одлична интервенција спречи домашно водство. Во 32. минута Џенова доби пенал заради игра со рака на Кансело, но главниот судија Ди Бело по консултација со ВАР-собата, досуди само топка за тимот на Јувентус.j

На стартот на вториот дел, односно во 56. минута Паоло Дибала успеа да го совлада домашниот голман, но по кратко славје на гостите и консултација со ВАР, главниот судија оправдано поради офсајд го поништи погодокот.

Во 60. минута шанса за настап доби и нашиот Горан Пандев, а до крајот беше одлучувачки фактор за триумфот на својот тим. Најпрво репрезентативниот капитен асистираше при погодокот на Стефано Стураро во 72. минута, а потоа со погодок во 81. минута ја потврди победата на својот тим, откако прекрасно биеше откосо и го матира Перин. За македонскиот репрезентативец денешниот погодок беше негов трет оваа сезона во Серија А.

  • Третиот погодок на Горан Пандев во Серија А оваа сезона:
https://player.videostreamlet.net/player/html/z3JLAQ1Xcr?popup=fromblocked&autoplay=1

Embedded video


https://twitter.com/i/status/1107268646265602051

TLNTV@TLNTV

Genoa makes it 2 nil after a beauty from the veteran Goran Pandev!!! What a substitute change from coach Cesare Prandelli!!! Juventus down 2. #tlnsoccer #GenoaJuve #SerieA72:13 PM – Mar 17, 2019See TLNTV’s other TweetsTwitter Ads info and privacy

Џенова се потврди како незгоден ривал за Јуве, откако му откина четири од можните шест бода сезонава.  


Translate »