Физичките вежби го намалуваат ризикот од смрт -посебно важно после 40-годишна возраст.

За никого не е тајна дека спортот е корисен за здравјето. За тоа сведочат резултати од бројни истражувања спроведени во различно време и во различни земји во светот.

Впрочем ниту едно од направените порано истражувања не одговара на прашањето дали се намалува користа од спортувањето по здравјето, ако не тренираме редовно или ако започнеме во зрела возраст. Научниците од Националниот институт за онкологија во САД одлучија да ја поправат оваа грешка. Тие веќе имаат одговор на прашањето, пишува весникот „Time“.

Во текот на истражувањето, резултатите од што се објавени во научното списание „JAMA Network Open“, научниците анализирале податоци на 300.000 пациенти на возраст од 50 до 70 години.

Специјалистите разгледувале информации, како на пример колку често и колку редовно луѓето спортувале во текот на својот живот. Потоа ги споредиле податоците за режимот на тренинг со здравствената состојба.

Така научниците успеале да докажат дека никогаш не е доцна да почнете да вежбате.

Било утврдено дека физичките вежби го намалуваат ризикот од смрт дури во случаи кога човекот почнува да тренира по навршувањето на 40-годишна возраст.

Освен тоа истражувањето покажало дека кај луѓето кои редовно се занимавале со спорт во текот на целиот свој живот, ризикот од предвремена смрт бил во просек за 29-36% понизок отколку кај луѓето кои не вежбаат.

„Спортските активности носат суштинска корист за здравјето и го намалуваат ризикот од смрт практично од сите болести – од рак до кардиоваскуларни заболувања“, вели авторот на студијата, д-р Педро Сен Морис.

Научниците утврдиле уште еден интересен факт – тие докажале дека луѓето кои редовно тренирале во помладите години, но се откажале од спортот во зрелата возраст, ги имаат изгубено сите предности за здравјето од активниот начин на живот.

Translate »