ВИДЕО: За жителите на с. Рамни Габер претседателските избори завршија уште пред да започнат

За 60 луѓе од селото Рамни Габер, гласањето за претседател заврши уште пред да да започне. Самите се решиле на тој чекор, за така да им покажат на политичарите колку тие се разочарани од нив.

„Жителите на селото Рамни Габер незадоволни од третманот на градоначалникот кај кого осум години одат во кабинет и го молат да им го направи патот овде во селото – решија да ги опструираат претседателските избори така што го сокрија клучот од просторијата кадешто денес требаше да се гласа.“

Од градоначалникот не бараат многу – ни кажаа тие. Сакаат само да се уверат дека не се заборавени од оние за кои го дале гласот.

„Нека дојде булдожерот тука да го видат сите. Тогаш ќе гласам.“ кажа Саљуш Азири, жител на селото Рамни Габер.

Жителите се пожалија дека особено во зима едвај се движат кога ќе падне многу снег.

„Доаѓа лето, доаѓа зима, имаме стока. Немаме ниту пат, ниту услови ниту ништо. Затоа луѓето бегаат во Скопје, во Студеничани, во Морани. Поради патот.“ кажа Саљуш Азири, жител на селото Рамни Габер.

„Ја заклучиле вратата со катанец и не ја отвараат заради тоа што градоначалникот не доаѓа да види што е ова, како живееме. Снег до колена.“ кажа Али Азири, жител на с. Рамни Габер.

Негласањето во Рамни Габер беше меѓу првите неправилности кои Државната изборна комисија ги забележа на изборниот ден.

Извор: Телма

Translate »