Павле Богоевски: А што мислеа, дека ќе им останат становите и парите што ги наплатија за уништувањето на судството???
Поранешниот Претседател на Кривичниот суд, Панчевски -преку кого (не) поминуваа сите случаи на СЈО и на злоупотреба на претходната власт, се жали дека Антикорупциска го клевети со истрагата на имотот на судиите.
Вели дека до сега бил повикан на разговор само за злоупотребите на АКМИС системот, но не и за дело на корупција (па поради тоа не смеело ниту да се збори за негова евентуална корупција).
Знаеме дека ги местеа случаите кај нивни судии за да предметите завршат како што тие сакаа, тоа ни Панчевски не го спори.
Во истрагата на Антикорупциска треба да се утврди кој колку ќарил за тоа.
А што мислеа, дека ќе им останат становите и парите што ги наплатија за уништувањето на судството???
Има уште многу работа на ова поле. Верувам дека ова е само почетокот во истражувањето на богатењето кај минатите (и сегашни) функционери.
Павле Богоевски