Најнов хит во исхраната-протеин од грашок!
Последнава деценија, многу се зборува за протеинска исхрана, а особено во период на постови! Тоа резултираше да се појават производи како протеински барови и прашоци, адитиви во веганска и вегетаријански подготвена храна.
Протеините од сурутка и соја се некои од стандардните суплементи, но други растителни протеини забележаа зголемување на популарноста и помогнаа луѓето да се фокусираат на моќта на протеините во нивната секојдневна исхрана.
Докажано е дека исхраната базиранa на растителни продукти го намалува ризикот од угоеност, висок крвен притисок и дијабетес, така што многу потрошувачи се обратија кон овие вегански протеини за да ги добијат истите резултати. Еден таков протеин кој се докажа како многу ефикасен и е хит во исхраната на веганите и вегетаријанците ширум светот, е протеинот од грашок. Тој освен останатите поволни својства, ја подобрува и функцијата на бубрезите, го балансира нивото на глукоза во крвта и ја зголемува густината на мускулите. Протеинот од грашок е лесен за варење и е хипоалерген. Има одличен нутритивен состав, богат со аминокиселини кои помагаат во синтеза на мускулна маса и зголемен атлетски перформанс и лизин кој помага во претворањето на масните киселини во енергија.
На македонскиот пазар може да се најде протеин од грашок во прав, а Виталиа е прва компанија во регионот која го инкорпорира во своите производи.
Поддржувајќи ја револуцијата кон исхрана од растително потекло, Витали ги престави новите посни ( веган) напитоци формулирани од соја и со додаден протеин од грашок кои нудат низа здравствени бенефиции за целата популација, а посебно кон оние што водат вегански животен стил или практикуваат постење. Тие се богати и со растителни влакна од грашок, не содржат лактоза и имаат ниска количина на заситени масти.
Како што се зголемува популарноста на растителните напитоци на глобално ниво, сега и македонскиот потрошувач има можност да ужива во супериорниот нутритивен состав на овој производ.
Можностите на консумација се многубројни, од самостоен напиток, до комбинација со вашите омилени мусли, житарици и овесни каши.