Леброн Џејмс ќе ги пропушти сите натпревари на Лос Анџелес Лејкерс до крајот на сезоната во НБА

Крилото Леброн Џејмс ќе ги пропушти сите натпревари на Лос Анџелес Лејкерс до крајот на сезоната во НБА. Ѕвездата на Лејкерс има повреда на препоните и нема да учествува на шест меча на тимот од Калифорнија до финалето на кампањата.

„Ова е веќе разговарано со медицинскиот персонал и одлучивме да го оставиме одигра до крајот на шампионатот. Оваа одлука ќе му дозволи целосно да се опорави“, соопштија од Лејкерс.

Тимот од Лос Анџелес нема шанси да се квалификува за плејофот во Западната конференција. 34-годишниот Џејмс пропушти 17 дуели за Лејкерси во текот на сезоната поради различни проблеми и повреди.

ЛеБрон се приклучи на 16-кратниот НБА шампион минатиот јули. Договорот со ѕвездата е за четири сезони. Следното лето се очекува раководството на Лос Анџелес Лејкерс да се обиде да го привлече крилото Ентони Дејвис од Њу Орлеанс.

Translate »