Владимир Чизов-Влезот на Северна Македонија во НАТО ја нарушува европската безбедност!
Влезот на Северна Македонија во НАТО го дестабилизира Балканскиот полуостров, а НАТО проширувањето на Балканот е лошо за европската безбедност.
Ова го оценува рускиот постојан претставник во Европската унија Владимир Чизов кој за рускиот весник „Известија“ вели: „Сфаќаме дека целата работа со Преспанскиот договор беше планирана заради што поскоро инволвирање на Македонија во НАТО.
Ситуацијата за нас е многу јасна: земјата се турка во алијансата.
Ова има негативно влијание врз европската безбедност и врзстабилноста во балканскиот регион“. Според него, проширување на НАТО е обид за справување со предизвиците на 21 век со средства и механизми измислени во средината на 20 век./РСЕ