Путин откри: Правиме нов вселенски центар, со 20.000 работни места

Претседателот на Русија, Владимир Пурин, за време на посетата во државната корпирација „Енергомаш“, рекол дека Кремиљ ќе издвои околу 388 милиони долари за изградба на Национален вселенски центар во Москва во кој ќе се отворат 20.000 работни места.

„Проектот ќе чини околу 388 милиони доари, а очекуваме до 2022-ра година да имаме скица за центарот“, изјавил Путин и додал: „Сакаме и се надевам дека тој ќе изгледа величенствено и достојно за нашата вселенска индустрија. Нашиот научен и образован капацитет ќе биде сконцентриран на овој проект“, пренесува TASS.

Претседателот на Русија додал и дека верува дека овој центар може и мора да има светска репутација и дека ќе биде фасцинантен, за млади експерти да можат да работат во него, и дека во него ќе се отворат околу 20.000 нови високостручни работни места.

Путин ја посетил фабриката Енергомаш на Денот на космонаутите, по повод 12-ти април, 1961-ва година, кога вселенскиот брод „Васток 1“ бил лансиран во орбитата околу Земјата со мајорот Јуриј Гагарин (28), првиот светски космонаут. 

Translate »