Најнова анкета-Кој претседателски кандидат е во предност!
Кандидатот за претседател на СДСМ Стево Пендаровски води со 3,7 процентни поени разлика пред кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ Гордана Сиљановска Давкова, покажува новата анкета, што по нарачка на телевизијата Телма ја изработи Институтот за демократија Социетас цивилис во соработка со МЦМС.
Според анкетата Пендаровски добил поддршка од 27,2 процентни од испитаниците, Сиљановска 23,5 отсто, а Блерим Река 11 отсто.
Резултатите покажуваат дека 17,7 отсто од испитаниците се уште не одлучиле за кого ќе го дадат својот глас, додека 16,4 нема да гласаат за ниту еден од тројцата кандидати.
Анкетата е спроведена телефонски во период од 7 до 11 април на репрезентативен промерок од 967 испитаници.
Споредбените резултати на двете анкети на Телма, едната изработена пред кампањата и една изминатата недела покажува дека поддршката за Пендаровски расте во однос на Сиљановска и сега тој води со четири отсто во првиот круг.