Без податоци сме 17 години.! Дали конечно ќе имаме попис?

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ обвини за шверцерско носење на законот за попис, а од СДСМ одговараат дека се е според стандардите на Евростат. Сепак, комисиската расправа за предлог- законот е одложена, пишува DW.

Mazedonien Skopje vor dem Referendum (DW)

Одложена е денешната седница на Комисијата за европски прашања на чиј дневен ред беше предлог-законот за попис на населението, домаќинствата и становите во Република Северна Македонија, во 2020 година. Членови на Комисијата за ДВ велат дека добиле известување за одложувањето, но не ги знаат причините за тоа. Еден ден пред закажаната седница, опозициската ВМРО-ДПМНЕ го обвини премиерот дека тргува со највисоките национални и државни интереси и дека  „шверцерски и дека без консултации изготвил закон за попис на кој што по испробан рецепт му ставил европско знаменце“.

„Вакво брзање покажува тенденција за носење закон изработен вон стандардите на Евростат и на релевантни меѓународни организации што се однесуваат до пописот. Заев сега се обидува во брза собраниска процедура да протне законски текст за спроведување на попис, без претходна консултација и без вистинска јавна дебата на која ќе бидат пренесени и ставовите на опозицијата и на граѓаните“, обвини портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски.

Притоа се осврна и на забуните во јавноста, кои, како што рече биле креирани од власта: дали и на кој начин ќе биде опфатено прашањето за изјаснување за етничка и религиска припадност, кој ќе биде преброен и дали и на кој начин ќе бидат попишувани оние кои се отсутни од земјата во определен временски период.

„Доколку власта се одлучи да продолжи на таков начин на носење на законско решение за спроведување на попис кој што остава можност за сомневање во пописните резултати, остава можност ВМРО-ДПМНЕ и голем дел од граѓаните да не учествува во попишувањето организирано на начин спротивен на демократските процеси“, најави Стоилковски.

 Mazedonien, Skopje: Parlamentssitzung über Verfassungsänderung (Regierung Mazedonien)

Од СДСМ одговорија ВМРО ДПМНЕ шири невистини и нема кредибилитет да зборува за попис.

„Целокупната подготовка за организирање на пописот е професионална и транспарентна, по сите меѓународни стандарди и во неа цело време е вклучен Евростат. Пописот беше најавен уште минатата година, оваа 2020 година е годината кога би требало да се реализира согласно меѓународните препораки. Тоа е неопходна статистичка операција за да може да се реализира плански развој на целото општество. За надминување на било какви препреки и за негово успешно реализирање, до крајот на месецов ќе биде спроведен и пробен попис во 13 општини. Не е точно дека на ВМРО-ДПМНЕ не и бил оставен простор за забелешки во однос на законите“, реплицираа од СДСМ. Од владејачката партија потсетија дека „цели 11 години на власт ВМРО-ДПМНЕ не успеала да организира попис, а и оној што го започнала го прекинала поради политички игри, со што потрошила над 3 милиони евра народни пари“.

Попис според комбиниран метод

Владата на крајот од мај соопшти дека пописот е планиран да се реализира од 1 до 21 април 2020 година, а директорот на Државниот завод за статистика, Апостол Симовски ги презентираше измените на Законот за попис на население. Според Симовски, државата со години има недостиг на квалитетни статистички податоци.

„Ова ќе биде статистичка и строго професионална операција спроведена од Државниот завод за статистика како овластен носител на статистички истражувања. За разлика од претходните, овој попис ќе има неколку новини. Главната новина е што ќе се спроведува со т.н комбиниран метод, нешто што до сега не било практика, а било практика во други земји. Овој метод подразбира истовремено попишување на терен со оној класичен метод, интервју лице во лице, но и користење податоци од регистри, односно бази на податоци. Овој метод овозможува многу побрзо и поквалитетно прибирање на податоците“, рече директорот Симовски.

Mazedonien Skopje Passanten (DW/Petr Stojanovski)

Повеќе на темата:

Анти-Стабилократска Еволуција

Пописот – заборавена операција во Македонија

Попис некогаш ќе има, но со поинаков „рецепт“

Тој најави дека пописот ќе се спроведува со електронски прашалници, со користење на ИТ- технологија, и според стандардите на Еуростат.

„Целокупната територија на државата ќе биде поделена на 45 пописни реони во којшто ќе се формираат т.н регионални пописни комисии кои имаат функција да овозможат логистика на целокупната операција. Во статистичката операција ќе учествуваат околу 6.000 лица, околу 5.000 попишувачи, околу 500 реонски инструктори и околу 200 државни инструктори и членови на комисиите. Пописот за разлика од претходниот кој не успеа, ќе ги опфаќа сите лица како единици на попис, вклучувајќи ги лицата кои се присутни во земјата, но и лицата кои се отсутни од државата, со тоа што цело време ќе се почитуваат пропишаните стандарди на статистичката служба на ООН и Еуростат, категории на населението, дефинирањето на тие категории и слично и тука нема да има никакво отстапување. Можноста за попиштување на лица кои живеат надвор од државата ќе биде малку поспецифична, со можност за самопопишување на посебна веб- апликација“, информираше Симовски.

Пописот ќе чини 8,5 милиони евра, а предвидено е резултатите од него да бидат достапни 6 месеци по завршувањето на процесот.

Без податоци 17 години

Пописот од 2002 година е последниот што е спроведен во земјата. Неславно заврши планираната и започната но незавршена статистичка операција во 2011 година. Еден ден пред почетокот на пописот тогашната претседателка на Државната комисија за попис (ДПК) Весна Јаневска предупреди дека се подготвува фалсификат и поднесе оставка, а неколку дена пред рокот за негово завршување оставка поднесоа и другите членови на ДПК, поради „неможноста да се усогласат за методологијата“. Пописот официјално заврши со усвојување на Законот за престанување на важењето на Законот за попис.

Beginn der Volkszählung in Mazedonien 2011 (Macedonian Information Agency)

Тогашната опозиција ја прашуваше владата на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ – зошто ако не биле подготвени за пописот, не го прекинале на самиот почеток, туку дозволиле да се направат трошоци. Од власта тврдеа дека прекинувањето на пописот е во интерес на државата и националните односи, бидејќи било подобро да нема краен резултат од пописот – отколку да се добијат неточни податоци кои подоцна би предзивикале уште поголеми штети за државата. Според неофицијални информации, наводно на терен тогаш различно се практикувало правилото на Евростат за (не)попишување на граѓани кои една година не влегле во земјата.

Обвинителството за организиран криминал водеше предистражна постапка за причините поради кои пропадна пописот, а во 2017 година предметот го презеде СЈО, и во март 2018 отвори истрага. За случајот ги осомничи партиските лидери Никола Груевски и Али Ахмети. Според СЈО, осомничените по започнувањето на постапката за попис сфатиле дека тој ќе им нанесе штета на тогаш владејачките ВМРО- ДПМНЕ и ДУИ, па водејќи се од лични интереси и со цел задржување на моќта, ја прекинале постапката, со што предизвикале штета од над 175 милиони денари.

DW.COM

Translate »