Елмас блесна во вистински момент: Скаути на Фиорентина, Лацио и Тотенхем го видоа неговиот гол

Македонскиот талент Ељиф Елмас погоди во ремито на Фенербахче во големото дерби против Галатасарај (1-1).

Вториот погодок на официјалните натпревари во дресот на турскиот гигант пристигна во вистински момент. На трибините на „Шукру Сарачоглу“ присутни беа скаути од неколку европски екипи кои се заинтересирани во своите редови да го ангажираат 19-годишниот македонски репрезентативец.

Подолго време младиот фудбалер е поврзуван со големи имиња во европскиот фудбал. Турското дерби го следеа претставници на Лацио, Тотенхем и Фиорентина, а се шпекулира дека за Елмас зборуваат и во Манчестер Сити и Реал Мадрид.

Ељиф Елмас Фенер

Неговиот талент не е тајна за пошироката фудбалска јавност, а тој своите квалитети покрај на клупски, ги покажува и на репрезентативен план во националниот дрес на Македонија.

Translate »