Вардар „експлодира“ против Сегед! Фуриозен финиш за победа од 8 гола разлика.
Македонскиот ракометен првак Вардар си ја оствари целта и на последниот меч во Скопје од Лигата на шампионите во рамки на четвртфиналето со 31-23 (14-12) славеше над унгарски ПИК Сегед и си обезбеди залиха пред реваншот во Унгарија.
Избраниците на Роберто Гарсија Парондо беа одлични на тактички план, а ПИК Сегед речиси цел натпревар бркаше негатива, но ниту еднаш не успеа да ја достигне. Вардар дојде до висока позитива пред реваншот во Унгарија и гледа кон ново учество на Ф4-турнирите во ракометната елита, трето по ред. За овој тим на Вардар ова беше последен натпревар во Скопје, затоа што Сергеј Самсоненко, актуелниот спонзор на тимот, по крајот на оваа сезона нема да го финансира „црвено-црното“ ракометно семејство и ќе следи разделба.
ehfcl-18-19-rakomet-vardar-pick-szeged-25.04.2019-6571.jpg
Дуелот во Скопје тргна рамноправно, до резултат 4-4, а потоа следеше диктирање на темпото од страна на Вардар. Карачиќ даде два гола, Кристопанс еднаш се запиша во листата на стрелците и потпомогнат од две одбрани на Милосављев, македонскиот првак успеа да се одлепи на 7-4.
ehfcl-18-19-rakomet-vardar-pick-szeged-25.04.2019-6455.jpg
Унгарците брзаа, тешко влегуваа во добри шанси да се вратат во мечот, што донесе и предност од 11-6 за домашните, но потоа, поради мал благ пад на ритамот, ПИК Сегед се врати и со неколку голови од девет метри и пивот-позиција, се доближи на 12-11. Сепак, до крајот на полувремето, Вардар возврати со серија од два гола, повторно на Кристопанс и Карачиќ, за предност од 14-11.
ehfcl-18-19-rakomet-vardar-pick-szeged-25.04.2019-6539.jpg
На паузата беше 14-12, потоа и 18-16, за потоа, ПИК Сегед да пропушти шанса да се врати на еден гол негатива, а Вардар да казни преку брза контра на Карачиќ, за „плус четири (21-17). Но, потоа следеа неколку дискутабилни судиски одлуки, кои го вратија ПИК Сегед во игра. На 13 минути пред крајот, гостинот дојде на 21-20, но Вардар повторно се врати во препознатлив ритам, па ја врати предноста на девет минути пред финишот (24-21).
ehfcl-18-19-rakomet-vardar-pick-szeged-25.04.2019-6732.jpg
Потоа следеше нова вардарова експлозија, одбрани на Милосављев и голови во мрежата на Унгарците, за 28-22, недостижна позитива на четири минути пред финишот.
Карачиќ и Кристопанс со по 8 и Скубе со 6 гола беа најпрецизни во вардаровиот табор, додека кај гостите се истакнаа Банхиди со 5 и Камлан и Балож со по три гола.
Реваншот во Унгарија меѓу ПИК Сегед и Вардар е закажан на 5 мај.
Извор-Гол.мк