ХАН: ДОЈДЕ ВРЕМЕ ЗАПАДЕН БАЛКАН ДА СЕ ПРИКЛУЧИ КОН ЕУ

Европскиот комесар за проширување и добрососедски односи, Јоханес Хан изјави дека е дојдено време за интеграциите на Западен Балкан во Европската Унија.

Тој тоа го напиша на „Твитер“, по повод одбележувањето на 15 годишнината од приемот во ЕУ на 10 земји од средна и источна Европа, додавајќи дека тоа е амбициозен проект заснован на заедничките напори и визија да се обезбедат мирот, просперитетот и безбедноста за сите граѓани во ЕУ.

„Оваа визија се оствари и време е да гледаме напред и да го финализираме историскиот прект за за обединување на Европа и интеграција на Западен Балкан. Сигурен сум дека со заеднички напори тоа ќе биде успешна приказна за двете страни. Заедно сме посилни“, напиша Хан.

Translate »