ГОЛМАНОТ КАСИЛЈАС ДОЖИВЕАЛ СРЦЕВ УДАР НА ТРЕНИНГ
Шпанскиот голман Икер Касилјас кој игра за Порто, доживеа срцев удар – потврдуваат од клубот за португалските медиуми.
Касилјас наводно добил инфаркт на тренингот и веднаш бил пренесен во болница каде му бил извршен хируршки зафат.
Локалните медиуми пренесуваат дека легендарниот чувар на мрежата, е надвор од животна опасност, но дека сезоната за него е завршена.
Шпанецот повеќе од 15 години играше за Реал Мадрид со кој освои се што можеше да се освои, по што во 2015 година потпиша за „Драгао“.
За националниот тим има одиграно вкупно 167 натпревари и има освоено две европски и едно светско првенство.