Брзо и едноставно прочистете го организмот со овие 3 чудотворни продукти

Постите завршија. По нив следеа Велигденските празници кои со себе носат обилни и богати трпези. Велигденското прејадување, залеано со алкохолни пијалаци, а особено по долг период на пост, може тешко да го дисбалансира вашиот организам. Ова нагло прејадување, може да биде почеток и на многу други здравствени проблеми, како зголемување на нивото на холестерол и шеќер во крвта. Затоа, наша препорака е да направите барем еднонеделен детокс режим, за да го ресетирате балансот во вашето тело и да ги исфрлите од вас сите наталожени токсини. Во продолжение неколку одлични продукти кои заедно со балансираната исхрана, загарантирано ќе ви помогнат во детоксикацијата:

Smoothie to go Detox е совршено искомбиниран да помогне во елиминација на токсините од вашето тело. Нутритивно богат и избалансиран според препораките на Светската здравствена организација, Smoothie to go ја зголемува енергијата и содржи витамини и минерали кои ги подобруваат метаболитичките функции. Smoothie to Go е практичен производ со фино мелени детокс состојки што лесно може да се мешаат со вода, млеко или јогурт .

Начин на подготовка: 2 супени лажици се раствораат во 150мл вода. Се промешува, остава да отстои 2-3 минути и повторно се промешува.

  • Сок од аронија е 100% природен производ. Бобинките од аронија имаат многу здравствени придобивки, преку подобрување на функцијата на циркулаторниот систем, помош при регулирање на крвниот притисок, како и намалување на ризикот од кардиоваскуларни заболувања. Уште повеќе, богатата содржина на хранливи материи помага во намалувањето на ризикот од заболување на бубрезите, во регулирањето на крвниот притисок и промовира детоксикација.

Витаминот Ц кој го содржи, е моќен антиоксидант, кој помага во намалување на оксидативниот стрес во телото, ја подобрува функцијата на коските и мускулите и го зајакнува имунолошкиот систем. Освен тоа овој сок, нуди освежување и нутритивна рамнотежа, па така е идеален пијалак за секоја возрасна група, од деца до возрасни, во секое време од денот.

Препорачана количина: 30-50мл дневно, пред оброк.

  • Чајот ТАХЕБО е еден од прекрасните дарови на природата кој потекнува од Јужна Америка. Овој чудотворен чај има огромна моќ на детоксификација на организмот, а истовремено го јакне имунитетот, ги регулира метаболизмот и столицата и го поттикнува создавањето на нови, здрави и витални клетки. Содржи голема количина на железо, со што ја подобрува крвната слика при анемија и го зголемува процентот на кислород во организмот. Ја подобрува циркулацијата на крвта, поволно делува на нервниот систем и помага при несоница и вознемиреност. Помага и во лекувањето на гастритисот, синуситисот, астмата, реуматизмот, гонореата, артериосклерозата, диабетесот, миомите како и болестите на црниот дроб.

Начин на подготовка:  Во 1L зовриена вода се додаваат 3-4 кафени лажици чај. Се остава да врие 3-5 минути, потоа се намалува огнот и се вари на тивко уште 15 минути. Се процедува во неметален сад и се пие во текот на денот.

Денешното темпо на живот често пати на исцрпува ментално и физички. Негативните последици од урбаниот начин на живеење можеме да ги неутрализираме со внесување на храна која ја подобрува нашата психофизичка кондиција и делува на нашето здравје. Направете нешто повеќе за себе и прочистете го организмот со некој од наменските производи на Виталиа.

Translate »