Паника во Белгија: На брегот пронајдена муниција и смртоносен боен отров
Смртоносен боен отров иперит протекол од големо подземно складиште на муниција кај белгискиот брег на Северното море.
Долго време се верувало дека во тој регион има таканаречени гробишта на оружје кое содржи 35 илјади тони неексплодирани бомби, артилериски и други гранати.
Оружјето кое во најголема мера ѝ припаѓало на германската армија било сместено во големи контејнери кои биле наполнети со цемент и фрлени на длабочина од 2 илјади метри недалеку од градот Кноек.
Сепак, неколку децении подоцна, оружјето веќе започна да се појавува на бреговите и се остварија стравувањата на тамошните власти. Имено деновиве за прв пат се пронајдени траги од експлозив ТНТ и траги на смртоносниот боен отров иперит.
Белгискиот министер за Северното море, Филип Де Бакер изјави дека траги на експлозив и отров биле пронајдени на две одвоени локации и најави голема операција за чистење на регионот од опасното оружје.