“Непослушни” деколтеа и фустани без гаќички: Ова се најшокантните стајлинзи во историјата на Канскиот фестивал
Филмскиот фестивал во Кан е настан кој го следат најелегантните изданија, но одвреме-навреме се случува да се појави и некој шокантен стајлинг.
72-то
издание на Канскиот фестивал започнува денеска, а ние по тој повод се
присетуваме на најшокантните модни изданија кои претходните години ги
полнеа насловните страници.
Кендал Џенер минатата година се појави во проѕирен фустан и направи хаос во Кан.
Петра Немцова на црвениот тепих на Канскиот фестивал во 2018 година го покажа долниот веш во полн сјај.
А Мишел Родригез – деколте за паметење…
Шлицот на Наташа Поли не ја исполнил својата функција. Меѓуножјето “ѕирнало”, а блицевите почнале да блескаат.
Тешко е да се заборави провокативниот сатенски фустан на Бела Хадид кој го одбележа Канскиот фестивал во 2017 година.
Ризичната креација на секогаш елегантната Амал Клуни за малку ќе ѝ ја откриеше долната облека (или недостатокот од истата).
Титулата на кралица на скандалот на Канскиот фестивал во 2015 година дефинитивно ја понесе италијанската манекенка Џулија Салеми.
Кога се во прашање модните промашувања, Кендис Паскал пред две години ја однесе победата во оваа категорија.
Селма Хаек во виолетовиот фустан со длабоко деколте приреди незаборавна сцена.
На Канскиот фестивал во 2014 година, Шерон Стоун се појави во црвен фустан со длабоки изрези.
Пред три години, Стела Роха зачекори на црвениот тепих во стил на вистинска порно дива.
Леди Викторија Харви е вистински “мајстор” за скандали – сите присутни на фестивалот гледале во нејзините брадавици кои јасно се исцртувале под проѕирниот фустан.