Кратка историја на велосипедите

Денес велосипедите се популарни средства за рекреација и транспорт, но малкумина знаат кога за прв пат се појавиле, како првобитно изгледале и која била нивната намена и улога во општеството.

1. Машина за одење

Во 1817 година германскиот барон Карл вон Драис конструирал „машина за одење“ која би му помогнала побрзо да ги изоди кралските градини. Овој изум се состоел од две тркала со иста големина во иста линија од кои првиот бил управлив.

Велосипедот бил целосно изграден од дрво и немал педали, возачот го туркал велосипедот со нозете. За прв пат, конструкцијата на Драисен била изложена на саемот во Париз на 6 април 1818 година.

2. Велосипед

Следното појавување се случило во 1865 година кога се појавиле педалите што биле монтирани директно на предното тркало. Оваа машина била позната како велосипед, односно „брза нога“. Целосно била изградена од дрво, а подоцна и со метални гуми. Комбинацијата на овие елементи од кои велосипедот бил изграден за камената структура бил рецепт за крајно неудобно и бучно возење.

3. Велосипед со големо предно тркало

Во 1870 година се појавиле првите велосипеди кои целосно биле изградени од метал. Педалите сè уште се наоѓале кај предното тркало без механизам за пренос. Гумените тркала и долгите жици на големото предно тркало резултирале во помирно возења од претходните.

Ова возило особено било омилено кај младите мажи, а чинело околу шест месечни плати на просечно платен работник. Иако биле тешки за управување, популарноста на велосипедите почнала нагло да расте.

4. Трицикл

Додека мажите го ризикувале животот возејќи ги велосипедите со големо предно тркало, дамите, поради корсетите и долгите здолништа, слободно можеле да уживаат во возењето трицикл.

Многу механички иновации што сега се поврзани со автомобилите изворно биле измислени за трициклот.

5. Велосипед со безбедносно тркало

Подобрените дизајни на велосипедите почнале да стануваат сè повидливи, тоа особено се однесувало за помало предно тркало кое требало да ги елиминира препреките на патот.

6. Велосипед со ланец

Напредокот во металургијата ја овозможил и следната иновација, ланец и менувач. Дизајнот се вратил на претходните модели, со иста големина на тркалата. Сепак, овие велосипеди и понатаму имале тврди гуми и возењето сè уште било непријатно.

7.Велосипед со пневматски гуми

Пневматските гуми за прв пат биле поставени на велосипед кога ирскиот ветеран Џон Бојд Данлоп се обидел на својот син дa му овозможи покомотно возење на неговиот трицикл.

Од 1888 година велосипедот со пневматски гуми добил и безбедност и удобност. Во текот на 19 век претставувал идеално превозно средство за работничката класа која можела брзо и евтино да пристигне  на работа, а тоа пак на луѓето им дало поголема флексибилнст и повеќе слободно време.

Од друга страна, жените конечно можеле да здивнат од тесните корсети и да ја прилагодат својата облека, со што се зголемила нивната мобилност.

Во 1896 година, Сузан Б. Антони рекла дека велосипедот најмногу придонесол за еманципација на жените отколку било што друго во светот, пишува pedalinghistory.com.

Translate »