Единствената викендичка со базен наместо покрив

loading...

Кој не би сакал да поседува викендичка со базен наместо покрив? Компанијата „Anti Reality“, овој концепт го носи чекор понапред, креирајќи модерна верзија на викендички, каде кровот всушност е базен.

Со необичен покрив, ова студио е идеално за уживање во поглед на ѕвездите или океанот.

„Summer House“ викендичката, со површина од околу 100 квадрати, претставува едноспратна куќа, сместена на крајбрежен ѕид. Покривот-базен секако е елемент кој се одделува од сите други, но не е единствената работа која е вредна за внимание. Со панорамските прозори, кои го красат целиот ентериер, таа е дефиниција за комбинација на надворешноста и внатрешноста.

„Еден од клучните карактеристики на дизајнот бил создавање на згради кои ќе бидат совршено отворени за околината, обезбедувајќи можност за уживање во погледот и создавање врска директно со природата. ‘Summer House’ викендицата е дизајнирана за рекреативни одмори и викенди надвор од градот“, велат од студиото.

Во однос на приватноста, вилата содржи три структурни јадра кои можат да бидат конфигурирани според вашите желби и потреби. Секое јадро поседува различна функција, а може да биде отворено или затворено. Исто така, можат истовремено да се отворат сите јадра, креирајќи неверојатен отворен простор.

Базенот, до кој се доаѓа преку надворешните скали, има ниво на вода кое може да се контролира со сифонски систем на дренажа.

Дали ви се допаѓа оваа викендичка?

Translate »