Американски професор предупредува: Третата светска војна почнува тука! Русија и САД ќе завојуваат, но не на Блискиот исток

“Доколку навистина дојде до вооружен судир меѓу Русија и САД, тоа нема да се случи во Сирија, туку во Украина”, смета почесниот професор на Универзитетот Колумбија, Роберт Легволд.

Како што вели, од почетокот на украинската криза во 2014-та година започнала ерата на новата Студена војна – замрзнат конфликт кој значајно се разликува од старата Студена војна меѓу СССР и САД. 

На пример, за време на Советскиот сојуз политичките и воените тензии меѓу двата блока коегзистирале на економски врски, но сега страните ги користат економиите за да извршат притисок едни на други.

“Постои опасност од вооружен судир. Тој би може да се случи во Европа, а не на Блискиот исток. Тоа не се однесува на загриженоста на САД дека Русија би можела да преземе територии од Естонија”, изјавил професорот на маргините на Луксембуршкиот форум за спречување на нуклеарните катастрофи во Рим.

Легволд смета дека ако дојде до ескалација, “тоа ќе биде на границата со Украина, или ќе се случи нова криза, на пример, во Белорусија или некој друг регион меѓу НАТО и Русија”.

Russian Defense Policy@russiandefpolic

RIAN quotes Robert Legvold at Luxembourg Forum: War between U.S. and Russia most likely to begin over Ukraine, Estonia, possibly Belarus. Moscow faces multiple U.S. policies toward Russia — Trump’s, Congress’, State’s, Pentagon’s. http://bit.ly/2Z59Pzx .18:34 PM – Jun 4, 2019Twitter Ads info and privacyАмериканский профессор рассказал, где может начаться конфликт России и СШАЕсли вооруженный конфликт России и США действительно произойдет, то не в Сирии, а, скорее, на Украине, считает почетный профессор Колумбийского университета… РИА Новости, 04.06.2019ria.ruSee Russian Defense Policy’s other Tweets

За таквиот развој на настаните да се спречи, потребно е значајно да се зголеми нивото на доверба меѓу двете страни. За Русија ситуацијата се влошува со фактот што мора да се занимава не само со една политика на САД кон Русија, туку со три, истакнува професорот.

“Бидејќи постои самиот Трамп, постои Конгресот, каде главниот акцент е ставен на санкциите, а тука се и Стејт Департментот, Петагон и другите министерства”, објаснил тој.

Тој потсетил дека во 90-тите години Русија и САД на највисоко ниво ја разгледувале идејата за евроатлантска заедница од Ванкувер до Владивосток, а сега таа идеја звучи научнофантастично.

“Замрзнати сме во нова Студена војна”, констатирал експертот.

Луксембуршкиот форум, на чие чело е познатиот бизнисмен, филантроп и јавна личност Вјачеслав Кантор, е една од водечките меѓународни невладини организации кои ја проучуваат областа за нуклеарна безбедност. Постои од 2007-ма година.

Translate »