Ѓоргиев: Реакцијата на датумот 7 октомври, е само чадна бомба за да се прикријат другите нешта

Професорот Ванчо Ѓоргиев, член на мешовитата македонско-бугарска комисија за историски и образовани прашања во денешното гостување на 1ТВ откри дека уште на првата средба на комисијата лани, од бугарската страна им се заканиле дека доколку не прифатат дека Гоце Делчев е Бугарин, тогаш ќе има вето за Македонија.

Вели дека реакцијата на датумот 7 октомври, е само чадна бомба за да се прикријат другите нешта и да се скандализираат другите суштински прашања, следејќи го Илинденското востание, сите други револуционери па и периодот потоа до 1944 година. 

„Ниеден народ не може да постои ако нема процес, нациите се конструкција и секоја има развоен процес.  На првата средба на комисијата почнаа непристојните закани: Гоце Делчев е Бугарин и ако не го прифатите тоа ќе има вето. Во нивниот предлог за Гоце Делчев ниеднаш не се споменува Бугарин, туку на индиректен начин се спомнува потекнува од бугарско семејство, учи во бугарско училиште… На последната средба која беше потензична, на крајот е утврдена агендата за следната средба. Се сомневам дека ќе се држиме до агендата затоа што слушнав дека едни од нив бараат радикализација, други повлекување од комисијата, а трети се за вето“, вели Ѓоргиев.

Деновиве оваа тема е актуелна во јавноста, а бугарскиот премиер, Бојко Борисов повика да созрееме. 

Translate »