Хонг Конг му даде пример на светот: Протестираат со книги во рацете и не оставаат ѓубре зад себе
Два милиони граѓани излегле на улиците поради спорниот закон за екстрадиција.
Во Хонг Конг минатите неколку дена улиците биле преполни со демонстранти кои протестирале поради новиот закон за екстрадиција. Како што наложува тој закон, осомничениот за некои кривично дело би бил префрлен во Кина на сослушување. иако на улиците имало милиони, граѓаните на Хонг Конг покажале неверојатна дисциплина.
Поранешната британска колонија која е вратена на Кина во 1997-ма година, не живее во добар однос со главната земја и се обидува да го задржи статусот на “една земја, два система”.
Според некои проценки, на последните протести излегле 2 милиони луѓе, односно 25 проценти од вкупната популација. Иако на улиците имало огромен метеж, не биле забележани инциденти меѓу демонстрантите, немало дивеење, а граѓаните во текот на протестите се грижеле за животната средина.
На една фотографија која ги обиколила социјалните мрежи се наоѓаат канти за ѓубре, односно за хартија, пластика и алуминиум. Кантата за пластика веќе била преполна со шишиња, па демонстрантите шишињата кои сакале да ги фрлат, а немало место, уредно ги наредила покрај кантата.
Исто така, фотографии кои предизвикале многу внимание се оние на кои има студенти кои протестираат со книги во раце и читаат.
Најмногу внимание во светските медиуми привлекла снимката на која се гледа како маса луѓе се тргаат за да мине амбулантно возило.
Погледнете како изгледало тоа:
По протестот сите повторно излегуваат на улица да ги исчистат ѓубрето кое завршило случајно на тревата поради нив.
А кога ќе ја налутат полицијата, тука се едни за други, односно од солзавецот се штитат со чадор.
На рабовите од улиците се оставени и шишиња вода за демонстрантите да можат да се освежат или измијат ако полицијата употреби солзавец.