Raw food“ предизвик кој нема да можете да го одбиете

Tоплите денови пристигнаа, a со тоа и летната облека, која открива многу повеќе отколку што реално посакуваме! 

Но, нема потреба за паника бидејќи со добра дисциплина и волја може да направите одличен план кој ќе ја врати вашата посакувана фигура и форма. Всушност денес е полесно од било кога да воспоставите режим на исхрана поради достапноста и  големиот избор на нутритивни и вкусни производи кои можете да ги консумирате без грам грижа на совест. Здравото денес значи и вкусно!  Потребна е само  мала посветеност, а за другото можете да се обратите и во локалната продавница. Природни здрави производи без конзерванси и шеќери денес ви се на дофат секогаш кога имате потреба од нешто благо.  

Затоа обидете се да бидете најдобрата верзија на себе и прифатете го предизвикот цел месец јули да не консумирате „junk food“. За да бидете сигурни дека овој концепт ќе го совладате и ќе успеете во намерите, потребно е да бидете свесни за искушенијатa, кои верувајте и тoa како ќе ги имате. Но не плашете се од нив, од две едноставни причини. Првата е дека со тек на време ќе се одвикнете од силните вкусови на фабрички обработената храна полна со шеќери се до мигот кога и нивниот вкус ќе биде премногу вештачки за вашите сетила. А втората среќна околност е што денес за достапна цена имате избор од навистина здрави  и вкусни продукти кои ќе ви помогнат да ја одржите дисциплината во исхраната.

          И на крајот од денот кому му се потребни благи оброци полни со рафиниран шеќер, маснотии и празни калории?  Што ако постои начин да консумирате здрави  ужинки или десерти кои го имаат задржано  добриот и интензивен вкус и се вистинска нутритивна бомба? Решението е raw food (сирова храна) десерти од сирови необработени природни состојки во форма на нутритивен бар кој сега ви е достапен под брендот Виталиа.

Super Raw Bar е слатка веганска ужина и десерт кој не содржи состојки од животинско потекло и не е термички обработен (100% cold pressed). Овие десерти се ослободени од какви било преработени состојки и наместо тоа содржат висок процент на суво овошје, јатки и супер храна. Што ги прави овие производи  дополнително поздрави од редовните десерти? Фактот дека се без додаден шеќер. 

Не заборавајте дека шеќерот најчесто се поврзува со голем број заболувања како прекумерна телесна тежина, дијабетес, рак, расипување на забите, па се до променливи состојби на расположението. Згора на сè, шеќерот не содржи хранливи материи, односно се состои од празни калории – што брзо водат до зголемување на телесната тежина.

Имајќи го ова во предвид многу лесно ќе заклучиме дека сировите вегански Super Raw Bars  се вистинскиот здрав  избор . Дехидрираното овошје, оревите, лешниците, бадемите и сите видови на  семиња се состојки кои обезбедуваат повеќе витамини и минерали отколку класичните пецива или слатките бисквити или колачиња. За разлика од вообичаените десерти и “junk” ужини, сировите raw bars се ослободени од празните калории па затоа можете да ги консумирате како дневни ужинки без грижа на совест.

Но, се разбира дека и нивната употреба треба да биде во рамките на дневна ужинка. Не заборавајте дека тајната на здравата исхрана и витката линија  лежи во умереноста. 

Затоа, уживајте во сировите десерти Super Raw Bars без грижа на совест  – бидете Junk Free, Guilt Free!

Translate »