Тензично во Барселона- немири и специјалци на улиците(Видео)
Каталонија денеска гласа за независност. Шпанската полицијата е распоредена на подрачјето на Барселона, а градот го надлетуваат хеликоптери. Веќе се регистрирани неколку инциденти во обид на полицијата да ги заплени гласачките кутии на некои избирачки места.
На голем број места во градот се забележливи амбулантни возила.
Каталонија има околу 5,5 милиони регистрирани избирачи. Анкетите покажуваат дека поголемиот дел од населението е за референдум, но и дека се поделени по прашањето за независност.