Тамара најави европска турнеја
Нашата поп-пејачка Тамара Тодевска наесен ќе одржи неколку концерти низ Европа.
Првиот настап е закажан за 5 октомври во шпанската престолнина Мадрид, на 2 ноември ќе продолжи во
холандскиот град Архус, а на 30 ноември ќе настапи во Келн, Германија.
„Многу сум возбудена што ќе настапам во Мадрид, Архус и Келн оваа есен. Едвај чекам да ве
видам! Повеќе информации наскоро“, порача пејачката.
Изведувачката на песната „Pride“ со која не претстави на овогодинешната песна за Евровизија,
неодамна ги откажа настапите на прилепскиот „Пивофест“ и концертот во Охрид заради
негативните реакции на јавноста по изведбата на македонската химна, кога ненамерно го изостави
делот каде се споменуваат имињата на македонските народни херои.