Професор открива кои типови родители имаат успешни деца

Трендовите, примероците и формулите го прават животот полесен, но ретко кој може да се пофали дека ја пронашол формулата за најтешката од сите работи – воспитувањето суперуспешно дете.

Роналд Фергусон е професор од „Харвард“ кој ја напишал книгата: „Формулата: Откривање на тајните за одгледување високоуспешни деца“. За „Харвард газет“ раскажал како успеал во тоа. Вели дека го интересирало што прават родителите на успешните студенти.

Затоа тој и коавторката Таша Робертсон проучувале како различните стилови на родителство влијаат врз успехот на децата. Испитаниците биле најмлади политичари и мајка-сопственичка на компанијата „23иЈас“. Што се покажало? Фергусон тврди дека за успех на децата важни се осум родителски улоги.

– Тоа беше како скриен примерок кој полека се откриваше, сет на квалитети кои се основен темел. Играјќи ги добро тие осум улоги, ќе успеете во улогата на животот – родителството – вели тој.

1. Партнер во раното учење

Ова е улога во која родителите уште во раната доба ќе ги заинтересираат децата за учење, дури и пред почетокот на училиштето. Фергусон смета дека ова е најважната улога од сите осум. Најуспешните деца учат да читаат пред да тргнат во градинка, а потоа ќе ги зајакне и дополнително ќе ги мотивира возбудата на наставникот кога ќе открие дека веќе знаат да читаат.

2. Инженер на летот

Тоа е родител кој ги следи надворешните фактори во растењето на своето дете и внимава детето да го добие она што му треба, а интервенира кога тоа нема да се случи. Тоа не е исто како родител-хеликоптер, за кој Фергусон тврди дека е толку вклучен во животот на своето дете, што не му овозможува простор за создавање самостојни врски и односи, не учејќи го самостојно да преговара, ниту да ги идентификува сопствените интереси. – Сопругата и јас почнавме да ја играме таа улога кога сфативме дека учителот на нашата ќерка не ѝ дава чесни шанси – вели тој.

3. Оној што поправа

Во оваа улога родителот не му обезбедува на детето застој или губиток и не дозволува недостигот на ресурси да го забави. Како што вели Фергусон, родителите може да живеат во сиромаштија, но ако видат можност која ќе проценат дека е важна за успехот на детето во училиште или во животот, тие ќе одат низ ѕидови за да го остварат тоа.

4. Оној што открива

Родителот што открива овозможува откривање на светови за своето дете преку посета на музеи, библиотеки, изложби – со што ќе му ги прошири видиците. Тоа може да се реализира и со недостиг на ресурси, а родителот пронаоѓа и невозможни начини за да му го овозможи тоа на детето. – Сопругата и јас посебно се фокусиравме на ова, бидејќи самите сакаме такви искуства – вели Фергусон.

5. Филозоф

Ова е, според Фергусон, втората најважна улога бидејќи им помага на децата да ја пронајдат смислата. Овде родителот прашува и одговара на длабоки животни прашања, никогаш не потценувајќи ја способноста на детето за разбирање на животот и утврдување на смислата. – Се изненадив колку рано мојата ќерка успеа да ја сфати таа голема идеја – вели Фергусон.

6. Модел

Ова е класична родителска улога во која родителот сфаќа кои вредности се важни и се обидува да им ги пренесе на своите деца, кои подоцна се обидуваат и да ги живеат. – Сопругата и јас секојдневно се обидувавме да живееме во согласност со нашите уверувања. Тоа не значи дека е лесно и дека секогаш успевавме во тоа – искрен е Фергусон.

8. Преговарач

Низ оваа улога родителот ќе го научи детето како да ги почитува другите додека се бори за себе и своите уверувања, особено кога се наоѓа пред оние што имаат моќ и авторитет.

8. ГПС навигациски глас

Фергусон опишува каков е гласот на родителот во главата на детето откако детето ќе си замине од домот. Тој глас на младиот човек ќе му помогне во новите животни ситуации. – Се надевам дека единствено ГПС на нашата ќерка никогаш нема да ѝ рече: „Пресметувам“, со оглед на тоа колку труд вложивме во нејзиното одгледување – заклучил Фергусон.

Заедничка желба да бидат одлични родители

На крајот, харвардскиот професор советува дека иако носат различни шапки, низ сите тие улоги на родителите заедничка желба треба да им биде да бидат одлични родители. Тоа го нарекува мотивација која често произлегува од она низ кое поминале родителите.

– Тоа може да биде нешто што било погрешно во нивното детство и не сакале да го повторат со своите деца. Можеби се работи за семејно наследство на извонредност во некоја област за која чувствуваат обврска да ѝ го пренесат на следната генерација. Или обврска која семејството ја презело, како граѓански права кои сакаат нивните деца да ги почитуваат. Но, секој од тие родители има визија за тоа што сака и какви сака да станат неговите деца. Таа визија, заедно со мотивацијата, го води и го инспирира нивното родителство – пишува Фергусон.

Така, која и да е вашата мотивација, користете ја за добро да ги одиграте овие осум улоги. Ниту една од нив не е секогаш лесна, но сите се важни за вашето дете да ја има секоја можност да биде успешно.

Автор: Желјка Крмпотиќ

Translate »