Бектеши откри колку ќе изнесува новата минимална плата

Минималната плата нема да изнесува 16.000 денари колку што се најавуваше, туку 500 денари помалку, открива Крешник Бектеши, министерот за економија, за ТВ21. Владата веќе донела одлука минималната плата во земјата да се зголеми на 15.500 денари. 

Како што вели министерот, Владата работи на посебен закон за зголемување на платите во приватниот сектор, при што државата ќе ги покрие трошоците за придонесите.

„Наскоро се очекува пораст на минималната плата во земјата, врз основа на економскиот раст кој го имавме во текот на годината, истовремено и зголемувањето на индустриското производство. Сметаме дека има простор за значителен раст на минималната плата, но како Влада работиме на посебен закон за зголемување на платите во приватниот сектор каде државата ќе ги покрие придонесите. Паралелно работиме на два нови проекти“, изјави Бектеши.

Во моментов минимална плата добиваат околу 20 отсто од работниците, а истата изнесува 12.500 денари.

Translate »