Целосен колапс во Шпанија поради исклучително редок метеоролошки феномен – расте бројот на мртви, а еден град целосно e потопен
Силното невреме кое ја погоди југоисточна Шпанија во петокот го однесе и третиот живот во подрачјето и градот Алмерија, а исто така и сообраќајот во тоа подрачје е отежнат поради затворање на аеродромот, железничката линија и повеќе од десеттина улици.
Во последниве денови Шпанија е погодена од метеоролошки феномен кој Шпанците го нарекуваат “ладна капија“ поради кој топлината на Средоземното море се меша со ладниот воздух од надворешноста создавајќи облаци од кои дождот паѓа во енормни количини.
Алармантна состојба е прогласена во подрачјата на Валенсија, Мурсија и Алмерија каде што жителите се соочуваат со поплави поради кои се евакуирани.
Пристаништето во Мурсија е затворено, а тоа во Алмерија полека се враќа во нормала, известуваат од шпанските медиуми.
Во приморскиот град Аликанте поради невремето на многубројни туристи откажани им се и летовите.
Во Алмерија загинала една личност кога со автомобил се обидувала да помине низ поплавеното подрачје, известила медицинската служба. Во четвртокот исто така загинале двајца луѓе во еден автомобил кој исто така бил зафатен од невремето.
Исто така постои опасност од излевање на реката Сегура која малку го потопила гратчето Оривела во близина на Аликанте.