“Луѓето се разболуваат од неисполнети желби”: Мудри индијански мисли кои ќе ве натераат да размислите за животот
Индијанците по грешка го добиле ова име. Имено, европските поморци сметале дека прекуатланската земја која ја откриле е всушност Индија.
Индијанците биле народ кој живеел во целосен склад со природата и затоа изгледале како “примитивно цивилизирани Европјани”.
Колку биле напредни и подобри од остатокот од светот, сведочат и нивните мудрости кои ја одразуваат интеракцијата помеѓу човекот и природата.
Нивните мисли во истовреме биле и едноставни и длабоки:
– Добрата личност гледа добри знаци.
– На секоја личност ѝ се потребни тивки денови за да се чуе себеси.
– Оној кој молчи знае двојно повеќе од говорникот.
– “Неопходно е” само да се умре.
– Домот е онаму каде се чувствувате добро.
– Во внатрешноста на секоја личност се борат добар и зол волк. Волкот кој го храните секогаш победува.
– Сè на светот има своја песна.
– Детето е гостин во вашиот дом: нахранете го, научете го и пуштете го.
– Знаењето е скриено во секоја работа. Некогаш целиот свет бил библиотека.
– Кога ќе се исече последното дрво, ќе се загади последната река, кога ќе се улови последната птица – тогаш човекот ќе сфати дека не може да јаде пари.
– Сакајте ја својата земја. Не ја наследувате од родителите – вие ја позајмувате од вашите деца.