Видео-Човек со страотни напади како последица на коронавирус
Повеќе од 50 луѓе починале од новиот коронавирус, а повеќе од 2.000 луѓе се заразени.
Засега, Светската здравствена организација не сака да прогласи глобална вонредна состојба, тврдејќи дека нема доволно причина да го стори тоа.
Новиот, брзорастечки коронавирус, кој веројатно потекнува од лилјаци, иако генетски сличен на вирусите САРС или МЕРС, припаѓа на друга група наречена бетакоронавирус, според една кинеска студија. Со овој вирус може да се заразат диви животни и луѓето. Може да потекнува од лилјаци како САРС, но меѓу овие животни и луѓето вирусот може да има повеќе домашни посредници.
Социјалните медиуми сè уште се преплавени со снимки кои доаѓаат од Кина.
Едно од најстрашните е објавено на Твитер и го пренесе британскиот „The Sun“
Тоа, како што наведуваат од Курир.рс, покажува човек за кого наводно се тврди дека има страотни напади кои се последица на коронавирусот.
Автентичноста на снимката не е потврдена.
Patient with heavy seizures caused by CORONAVIRUS#Wuhan #WuhanCoronovirus #WuhanCoronavirus #WuhanOutbreak #WuhanSARS #coronarovirus #coronovirus #CoronavirusOutbreak #coronavirus