Корона вирусот продолжува да се шири: Досега однесе 80 животи, а само во Кина се заразени речиси 3 илјади луѓе
Според најновите податоци, најмалку 80 луѓе починаа како последица на Корона вирусот, а само во Кина се заразени 2,744 лица.
Смртоносниот вирус продолжува со голема брзина да се шири во светот, надвор од Кина забележани се 50 случаеви, од кои 5 во Соединетите Американски Држави, пренесува „СиЕнЕн“.
Околу 60 милиони лица се погодени од делумен или целосен карантин, со оглед на тоа што кинеските власти во неколку градови им забранија на граѓаните да влегуваат и да излегуваат од градовите.
Кинеските власти исто така апелираат до лицата кои што биле во Вухан, градот од каде што започна да се шири опасниот вирус, веднаш да се пријават кај надлежните институции и да бидат ставени во карантин.
Неколку медицински сестри за тамошните медиуми изјавиле дека ситуацијата е толку алармантна, што веќе има и голем број на заразен медицински персонал од Корона вирусот.
Исто така, се стравува дека вирусот ќе продолжи да се шири поради инкубацијата и поради тоа што стотици илјади работници неодамна го напуштиле градот Вухан и заминале во селата да ги посетат своите семејства за време на кинеските новогодишни празници.
Засега смртни случаеви надвор од Кина не се забележани, а вирусот пристигна и во Европа – најмалку три лица се заразени во Франција.