Казуо Ишигуро-добитник на Нобеловата награда за литература
Британскиот писател Казуо Ишигуро е годинашниот добитник на Нобеловата награда за литература.
Ишигуро е британски новелист и писател на кратки раскази. Неговите најпознати романи беа адаптирани во познати филмови:” Never Let Me Go” и ‘The Remains of the Day”.
Според Сара Даниус, секретар на Шведската академија , стилот на Ишигуро е своевидна мешавина на книжевниот јазик на Џејн Остин и Франц Кафка со мала доза на Марсел Пруст.
Писателот е роден во јапонскиот град Нагасаки во 1954 година и како дете се преселил во Велика Британија.