Интервју со Даниела Адемоска – Менаџер и сопственик на Капитол Мол и Резиденс
Фантастични 4 години на забава и шопинг во Капитол мол
Капитол Мол го слави својот 4-ти роденден. Како ќе го прославите?
Веќе 4 години Капитол мол цели кон креирање на атмосфера која го претвора шопингот во забава и среќа. Овој мол со секој чекор кој го презема го претвора својот топол амбиент во идеално место за сите кои сакаат добри модни парчиња, книга, забава, фитнес, шопинг, куглање, кафе и добра храна.
Оваа година 4-от роденден Капитол мол ќе го слави 5 дена кои ќе бидат исполнети со забава, музика, детски игри, попусти и подароци. Посетителите ќе можат да го искористат ова уникатно шопинг искуство во незаборавна атмосфера и одлични попусти. Прославата е надополнета со фантастична музичка програма. Во петок, 08.12.2017, посетителите ќе можат да уживаат во музиката на ContruDJ и настапот на Beatrix Crew, а во сабота, 09.12.2017, неизбежни ќе бидат настапите на Brass Brothers и DJ Branchez.
Покрај одличната музичка програма оваа година во фокусот е и богатата семејна и детска програма која никој нема да остави рамнодушен. Во петок, 08.12.2017, целото семејство може да учествува во семејните игри додека малите во текот на денот ќе може да цртаат роденденски честитки со уметниците Тоциновски. Природата на оваа програма и нејзината цел е да создаде среќа и насмевки кај најмалите во текот на целата роденденска прослава на Капитол мол. Во сабота, 09.12.2017, ќе се одржи годишното финале на ЛЕГО турнири со КРШ и ќе има роденденско караоке во игротеката Kids Park со „Поточиња“ и со многу подарочиња. Во недела, 10.12.2017, детска салса ќе играат танчерите од академија „Рекреатива“, ќе се забавуваме со пантомимичари и ќе се одржи куклено шоу. Забавата ќе продолжи и во понеделник и вторник, 11 – 12.12.2017, со читање поезија, хуманитарна претстава „Од децата за децата“, музички концерт на училиштето „Кредо“. Во текот на роденденот атмосферата ќе биде надополнета со аниматори, штулари и магионичари и ќе следат бројни изненадувања за сите.
Искуствата кои ги пренесоа посетителите во последните 4 години му покажаа на Капитол мол дека центарот прерасна во заедница и место каде најзначајна е топлата и семејна атмосфера и забавниот шопинг исполнет со музика.
Атмосферата е веќе празнична во Капитол Мол. Ја поставивме големата новогодишна елка, а и 10-тина помали елки кои го разубавуваат просторот. Светкаат сијалички, различни украси доловувајќи атмосфера на трговски центар со европски шмек, во кој се присутни реномирани модни брендови, и во кој има топла семејна атмосфера.
Што е она по што се издвојува Капитол Мол?
Топла, семејна атмосфера, е она по што се разликува Капитол Мол од останатите трговски центри. Имаме избалансирана содржина, каде секој член на семејството може да најде нешто за себе, како и да се завршат неопходните обврски. На приземјето се наоѓа супермаркетот Рамстор, телекомуникациски салони, познати кафулиња, цвеќара и многу други содржини. На првиот кат се повеќе реномирани модни брендови Котон, Ваикики, Карписа и други, како и ланецот за козметика ДМ. Вториот кат има голема спортска продавница како и ексклузивен фитнес центар, дополнети со модни брендови за мажи и жени и книжарници. Третиот кат е за семјена забава каде имаме особено интересна игротека и куглана, како и голема продавница за техничка роба. Можеби немаме премногу брендови, но тие кои се во Капитол Мол, се внимателно избрани, препознатливи по својот квалитет и имиџ. Нашиот принцип на работа е дека не треба да брзаме, и секогаш долгорочно да ги согледаме ефектите од секоја активности.
Имаме фантастична фитнес сала и клуб за куглање, ресторани со многу урбана атмосфера и многу повеќе. Имаме топла пријатна атмосфера, како ретко на кое друго место, и токму во таа насока ќе ја збогатуваме содржината и понатаму.
Кој доаѓа во Капитол Мол?
Капитол Мол е отворен за сите и секој што ќе влезе сакаме да се чувствува добредојден. Мислам декa многу брзо формиравме своја верна група на потрошувачи за кои Капитол Мол секогаш е прв избор. Она што постојано ги враќа кај нас е добрата и квалитетна понуда и пријатната атмосфера. Затоа сме им бескрајно благодарни на верните потрошувачи. Ние не правиме разлика од еден до друг потрошувач, Капитол Мол е отворен за сите граѓани на Скопје и земјава. Не радува кога ќе забележиме потрошувачи и од останатите населби и градови, кои насмеани го напуштаат трговскиот центар. Секако Аеродромци се нашите најверни и најчести посетители. Како модерен трговски центар семејството на брендови постепено го збогатуваме, така што верувам дека и навиката да се доаѓа во Капитол Мол постојано оди во нагорна линија. Веруваме во она што го работиме, и не отстапуваме од квалитетната содржина и концепт.
Во рамките на Капитол мол се наоѓа и апартманскиот комплекс Stone Bridge Suites. Какoв е интересот за изнајмување на апартманите?
Комплексот Капитол Мол и Резиденс располага и со 23 луксузно опремени апартмани кои се дел апартманскиот комплекс Stone Bridge Suites. Апартманите претставуваат круна на успешната долгогодишна приказна на професионалниот тим кој стои зад луксузниот хотел Stone Bridge во центарот на градот. Искуството на тимот во угостителските дејности придонесе да се создаде поинаков модел на хотелиерство и сместување кое одговара на потребите на гостите, чиj приоритет е да добијат хотелски третман во домашен амбиент.
Апартманите се погодни за сместување на бизнис партнери и други гости, бидејќи нудат комфор, а третманот кој го добиваат гостите е хотелски. Апартманското сместување во овој комплекс нуди сè на едно место: домување придружено со атрактивните содржини на еден современ трговски центар. Имено во еден објект можете да ги завршите сите обврски, да одите на фитнес, во супермаркет, да платите сметки, а истовремено да ви е овозможено и задоволството на шопингот. Целиот комплекс дефинитивно афирмира поинаков квалитет на живеење и работење.