Овие навики носат пари

Сигурно се прашувате како успеале милијардерите да стекнат толкаво богатство, дали имаат некои посебни навики, дали во прашање е напорна работа, наследство, среќа или сплет на околности…

Аналитичарот Рафаел Бадзиаг цели пет години правел интервјуа со милијардери кои сами успеале во животот, па преку нив открива какви навики имаат богатите луѓе.

Стануваат рано

Се верува дека една од главните навики на успешните претприемачи е станувањето рано. Во просек, милијардерите стануваат околу 5,30 часот. Тие сметаат дека ако се ранобудници ќе бидат поуспешни и попродуктивни на работа.

Важна им е физичката активност

Бидејќи работат стресна и одговорна работа, на милијардерите им е важно да ја канализираат енергијата во себе. Затоа сакаат да бидат физички активни, некои џогираат, другите вежбаат во теретана, а трети можат да си дозволат различни спортски активности. Освен физичката активност, на милијардерите им е важно да се хранат здраво и редовно.

Без што не им поминува денот

Освен редовните рутински работи, што ги прават во текот на денот, милијардерите секогаш одвојуваат време за читање. Дали се работи за некој бестселер, книга од помалку познат автор, биографија или некој сосема друг жанр, најважно е да сакаат да имаат книга при рака.

Дисциплина

Веруваат дека својот успех го должат на сите овие здрави навики кон коишто строго се придржуваат, а тоа го сметаат како важна алатка за самодисциплина. Сметаат дека редот што го воспоставуваат им помага полесно да се снајдат во хаосот што ги носи бизнисот во 21-от век.

bi.mk

Translate »